Проекти|

Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2020 година, ставка ГДО – Субвенции за замена на кровови и поправка на лифтови, под број08-6270/32 од 26.12.2019 година (Службен Гласник бр.25 од 2019 година) донесена од страна на Советот на Општина Центар, Општина Центар го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради на подрачјето на Општина Центар

1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1.Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственициод подрачјето на Општина Центар за реконструкција на постоечки кровни конструкции и поправка и санација на лифтови на нивните станбени згради.

1.2.Јавниот повик се однесува на: Финансиска поддршка за поправка на лифт кој со мислење од независно тело е утврдено дека е технички неисправен и модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постоечките лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на кровови и кровни покривачи е насочена кон замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови кои се опишани во јавниот повик.

1.3.Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, Програма ГДО, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари,за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици апликант.Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постоечки кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.

1.4.Јавниот повик ќе биде реализиран односно селекцијата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Предуслов за исплата на средствата од страна на Општина Центар ќе биде потпишан договор со избрана фирма од страна на заедницата на станари или управителоти уплатен аванс.По приложување на истите до Општина Центар, средствата ќе бидат префрлени на сметка на заедницата или управителот на зградата.

По извршената исплата на средствата од страна на Општина Центар и по реализација на договорот за изведба, се задолжува претседателот на заедницата* или управителот на зградата, да достават изјава под морална, кривична и материјална одговорност дека работите согласно потпишаниот договор се реализирани.

*претседателот на заедницата е должен доставената изјава да ја завери на нотар

2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик имаат заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар под следните услови:

  • Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни конструкции, тие треба да бидат оштетени, доколку се работи за поправка и санација на лифтови, тие треба да бидат неисправни, но постоечки;
  • Сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда;
  • Најмалку 70% од становите во зградата (влезот) да се користат (се вселени) во текот на целата  година (вклучувајќи и изнајмени станови).

Поднесените барања можат да бидат поднесени

Право на учество имаат сите влезови поеднинечно кои имаат регистрирано  заедница на сопственици или имаат избрано управител на станбена зграда.

При рангирање на колективните станбени згради кои ги исполнуваат претходно наведените услови, како критериум ќе се користи и целосна и навремено доставена документација.

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

3.1.Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на пропишан образец кој можат да го подигнат на пријавницата во барака 3,во архивата на Општина Центар – барака 6 или на интернет странатаwww.centar.gov.mk.

3.2.Кон пријавата се доставува следната документација:

ОПШТИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДВЕТЕ КАТЕГОРИИ

  • Одлука донесена од станарите за избор на претседател на заедницата на сопственици на станови или Договор за управувачки услуги (доколку работите на управувањето со станбената зграда се доверени на управител);
  • Копија од жиро сметката на заедницата на сопственици односно копија од жиро сметката што ја отворил управителот за потребите на станбената зграда;
  • Понуда од економски оператор со детален опис по позиции;
  • Одлука или изјава со која се одлучува дека ќе се обезбедат 70% од потребните средства за реконструкција на постоечки кровни конструкции и поправка и санација на лифтови на нивните станбени згради согласно член 35, член 36, член 37, член 39 од Законот за домување („СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија“ бр. 99/2009; 57/2010; 36/2011; 54/2011; 13/2012; 55/2013; 163/2013; 42/2014; 199/2014; 146/2015; 31/2016 и 64/2018);
  • Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 (шест) месеци;
  • Потврда од заедница на сопственици на станови за бројот на станови кои се вселени во текот на целата година.

ЗА ЛИФТОВИ

  • Годишен договор за редовно одржување и сервисирање на лифтот склучен со правно – одговорно лице;
  • „Технички извештај“ од извршен периодичен технички преглед за состојбата изработен од независно правно лице со кој ќе се потврди техничката неисправност на лифтот и чекори кои треба да се превземат за усогласување на лифтот со важечките стандарди.

ЗА КРОВОВИ

  • Изјава дадена од претседателот на заедницата на сопственици на станови или управителот (доколку работите на управувањето со станбената зграда се доверени на управител) за степенот на оштетеност или за моменталната состојба на кровот и кровниот покривач.

4.РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

4.1.Пријавите заедно со целата документација можат да се достават во период од 23 ноември 2020 година до 07 декември  2020 година.

4.2.Пријавата и другата документација се доставува во затворен коверт директно во архивата на Општина Центар, во барака 6 – Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина секој работен ден во периодот од 9 до 15 часот или по поштана ул.Михаил Цоков б.1.- Скопје.

4.3. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради на подрачјето на „Општина Центар“.

4.4. Архивата на Општина Центар – Скопје примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.5. Пријавите со некомплетна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок, нема да се разгледуваат.

Comments are closed.

Close Search Window