Uncategorized|

Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на месец февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, во периодот од 01.02. до 28.02.2019 година, отстранети се 799 возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, од кои пет (5) несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места наменети за лица со посебни потреби.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close Search Window