Активности, Образование|

Денес, во ООУ Димитар Миладинов започна Првата образовна конференција на земјите од поранешна Југославија, “Светот на образованието ги брише границите“.

На дводневната конференција, чиј домаќин и организатор е ООУ Димитар Миладинов, присуствуваат 60 најдобри одделенски наставници од 6 екс ЈУ држави.

Учениците и наставниците ги пречекаа наставниците во училиштето на традиционален начин, заедно го разгледуваа училиштето, учествуваа во работилници и на крајот, засадија заедничко “дрво на знаењето“ во училишниот двор.

Конференцијата продолжува денес во МКЦ и утре во библиотеката “Другарче“.

Comments are closed.

Close Search Window