Саша Богдановиќ

Градоначалник на Општина Центар

Роден 1985 година во Република Словенија

Место на живеење:
Скопје , Општина Центар

Професија : Политиколог

На должност во функција Градоначалник на Општина Центар од 2017 година

БИОГРАФИЈА

Богдановиќ во 2001 година станал член на политичката партија СДСМ, а во 2003 година активно се вклучил во сите активности од општествена одговорност. Во 2004 година завршил средно медицинско училиште и дипломирал политички науки на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во 2009 година се вработил во фабриката за изолациони материјали „Кумал -СК“, каде што после една година бил поставен како раководител на комерција, сè до мај 2013 година, кога бил именуван за за в.д. директор на јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Богдановиќ во 2014 ја добил функцијата Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.

Тој е првиот директор на ЈП ПОЦ кој ги ослободил жителите на Општина Центар од плаќање за паркинг и притоа ги вратил сите долгови кои биле затекнати во претпријатието со неговото доаѓање на функција.[1]Како директор вовел многу новитети и поволности, како гостинска М-карта[2] со зголемен број на часови за гости, Новинарска мобилна карта[3], Бизнис карта[4], Карта за спортисти и тренери и бесплатен паркинг за хибридни возила[5]. Со претходно добиена согласност од Советот на Општина Центар, од 2013 година финансиски го помогнал КК Работнички.

Богдановиќ се залага за правата на сите граѓани и преку многубројни хуманитарни акции кои ги организирал заедно со своите пријатели и соработници. Во мај 2017 година, за прв пат на територија на Општина Центар, ја започнал кампањата за стерилизација на бездомни животни „Центар на 4 нозе“

ПРАШАЈ ГО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

  • Drop files here or

ПРОЕКТИ

ТИМ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Ѓорѓе Димитриевиќ

ПОДДРШКА НА ГРАДОНАЧАЛНИК
djordje.dimitrijevc@centar.gov.mk

Моника Петрова Велјанова

ШЕФ НА КАБИНЕТ
monika.petrova@centar.gov.mk

Иван Миновски ​

СПОРТ И МЛАДИ
ivan.minovski@centar.gov.mk

Close Search Window