Д Н Е В Е Н Р Е Д за 46-та седница на Совет на Општина Центар, закажана за 14.5.2020 (четврток), во 9:00 часот, во сала на Совет на Општина Центар (барака бр. 6).
- Предлог-решение за престанок на мандат на функцијата претседател на Советот на Општина Центар-Скопје.
2. Предлог-решение за избор на претседател на Советот на Општина Центар-Скопје.
3. Предлог-одлука по Квартален извештај за извршување на Буџетот на Oпштина Центар-Скопјe за извештајниот период (кумулативно) од 1.1.2020 година до 31.3.2020 година.
4. Предлог-одлука за прераспределба на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2020 година.
5. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за урбано планирање Ф на Општина Центар-Скопје за 2020 година.
6. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/81 од 27.4.2020 година за воведување на вонредна мерка во однос на користењето на мобилната апликација на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.