Активности|

За поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до велосипед, Е- велосипед и Е-тротинет!

Општина Центар од денес, 14-ти мај, ја спроведува акцијата “Цел Центар на точак”, со која ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 14-ти мај, потребно е да ги достави следниве документи:

  • Пополнето барање за субвенционирање;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од денес, 14-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и за субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.

Comments are closed.

Close Search Window