Активности|

Денеска, во матичниот објект на ЈУДГ ОЦ “13 Ноември“, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од компанијата CLEAN MAX, ги најавија активностите за дезинфекција и санитизација на детските и бебешките душеци во сите центарски градинки.

Со користење на современа УВЦ технологија и револуционерен уред за дезинфекција на душеци, ќе се санитизираат, дезинфицираат, освежат и заштитат површините на душеците во детските градинки во Центар.

„Започнувајќи од денеска, овие акции ќе се спроведат во трите градинки на територијата на Општина Центар: „Кочо Рацин“, „Р. Ј. Корчагин“ и “13 Ноември“ и ќе бидат опфатени останатите 11 објекти – клонови на градинките. Со оваа активност, донација од компанијата CLEAN MAX, ќе бидат дезинфицирани и санитизирани вкупно 1955 детски и бебешки душеци“ – изјави градоначалникот.

“Како компанија сметавме дека ова е вистинско време да преземеме дополнителни заштитни мерки за зголемена безбедност и хигиена и воедно, безбедно враќање на децата во градинките. Се врши инспекција од можна појава на тавтабити и доколку се воспостави дека не постои појава на креветни тавтабити, се продолжува со следната фаза од процесот каде што се врши вшмукување на правта, мртвата кожа и влакната кои се наоѓаат длабоко во душекот, со помош на уред кој користи ХЕПА филтер. Следната фаза е револуционерното во нашиот сервис, технологијата на дезинфекцијата која што ја користиме е УВЦ технологија, која е научно докажана во уништување на сите видови бактерии, вируси, останати микроорганизми и прашински грини.“ – изјави Дијана Бадаровска Мицова.

Покрај оваа мерка, која се презема како дополнителна заштита и зголемена безбедност против КОВИД-19, во Општина Центар, започнати се скрининг тестирања за воспитно-образовниот кадар и останатиот персонал во детските центарски градинки, како заштитна мерка пред донесување на Уредбата од Владата на Република Северна Македонија за отворање на градинките.

Comments are closed.

Close Search Window