Дневен ред за 47-ма седница на Совет на Општина Центар, закажана за 28.5.2020 (четврток), со почеток во 13:00 часот, во сала на Совет (барака бр.6)
- Предлог-решение за измена на Решението за избор на
претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања,
избори и именувања.
2. Предлог-решение за измена на Решението за избор на
претседател и членови на Комисијата за статут и прописи.
3. Предлог-решение за измена на Решението за избор на
претседател и членови на Комисијата за локален
економски развој.
4. Предлог-решение за дополнување на Решението за избор на
претседател и членови на Комисијата за еднакви можности
меѓу жените и мажите.
5. Предлог-решение за измена на Решението за избор на
претседател и членови на Комисијата за Програма за
работа на Советот.
6. Предлог-решение за измена на Решението за определување
членови од Советот на Општина Центар-Скопје за учество
при склучување бракови во Матичната служба на Град Скопје.
7. Предлог-програма за измена на Програмата за образование
на Општина Центар-Скопје за 2020 година.
8. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата
за здраствена, социјална заштита и заштита на деца
на Општина Центар-Скопје за 2020 година.
9. Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за
престој на деца во јавните установи – детски градинки на
Општина Центар-Скопје.
10. Предлог-одлука за прифаќање донација од Друштво за
информатички технологии „ОПЕН МАЈНД СОЛУШНС“
увоз-извоз ДОО Скопје.