Активности, Совет|

На одржаната 47-ма седница на Советот, Општина Центар ја прифати Одлуката за донација од Друштвото за информатички технологии Опен Мајнд Солушнс Доо Скопје.


Донацијата се состои од бесплатна ИТ платформа, кадешто на граѓаните и организациите ќе им се овозможи да понудат и да побараат помош во време на кризата од пандемијата со КОВИД-19.
Станува збор за производи од различни категории: заштитна медицинска опрема, лекови, прехранбени намирници, облека, електронска опрема, финансиска помош, како и услуги за транспорт, волонтерство, домашни миленици, поддршка од семејно насилство, за стари лица и социјално загрозени семејства.


Приватноста на податоците ќе биде заштитена и јавно ќе бидат објавени податоци само од називот и локацијата на понудувачите.


🔗За подетални информации, прочитајте повеќе на линкот подолу
👉 dasipomogneme.oms.com.mk

Comments are closed.

Close Search Window