Д Н Е В Е Н Р Е Д за 48-ма седница на Советот на Општина Центар, закажана за 18.6.2020, со почеток во 13:00 часот, во сала на Совет на Општина Центар (барака бр.6)
1. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
2. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за урбанизам.
3. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за комунални работи и заштита на животната средина и природата.
4. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца.
5. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за култура.
6. Предлог-решение за измена на Решението за именување на командант на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар-Скопје.
7. Предлог-одлука за за формирање Комисија за креирање на општинска Стратегија за меѓуетничката интеграција и младинско учество во образованието во општинските основните училишта во Општина Центар Скопје.
8. Предлог-одлука за основање Совет за социјална заштита на Општина Центар-Скопје.
9. Разгледување на Извештај за упис на ученици во прво одделение во Општинските основни училишта.
10. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/105 од3.6.2020 година за усвојување на Кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период јануари-март 2020 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
11. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/108 од 4.6.2020 година за пренамена на финансиски средства од финансискиот план на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за 2020 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
12. Советнички прашања.