Активности|

Општина Центар континуирано продолжува со грижата за здравјето на своите граѓани и преземање мерки за спречување на ширење на опасниот вирус COVID –19.

По препорака на општината, извршена е дезинфекција на супермаркетите на територија на општината. За безбедност на купувачите и вработените дезинфицирани се маркетите на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито маркет,  Кам маркет и Стокомак и тоа корпите и количките за пазарување, подовите и површините кои се во допир со потрошувачите, како што се фрижидерите, услужните пултови, наплатните каси и вратите.

Општина Центар спроведе повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема. Извршена е и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивени се  гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно – образовни установи на територијата на општината.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш упатуваат апел до сите граѓани доследно да се почитуваат предвидените мерки за зголемена безбедност со што ќе се спречи   ширењето на вирусот.

Comments are closed.

Close Search Window