Активности|

Денеска градоначалникот на Општина Центар оствари средба со Душанка Дивјак Томиќ, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија и досегашен доајен на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во нашата држава.

На средбата беше посветено внимание на односите меѓу двете држави кои се оценети како пријателски и добрососедски.

И двајцата соговорници се согласија дека е неопходно продолжување  и унапредување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете пријателски земји во сите области од заемен интерес. Kaко особен напредок беше посочено воведување на српскиот јазик и култура како изборен предмет во основното образование во нашата држава.

Двајцата соговорници ја нагласија одличната соработка во борбата со последиците од пандемијата предизвикана од  опасниот вирус  COVID-19.

Градоначалникот Богдановиќ и се заблагодари за долгогодишниот ангажман на амбасадорката Дивјак Томиќ во годините  во насока на унапредување на соработката и зближување меѓу народите на двете држави.

Comments are closed.

Close Search Window