Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16, 163/16; 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024 дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Одлука за спроведување на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024
Границата на зафатот е дефинирана:
– на запад по оската на бул.„ВМРО“;
– на југ по оската на ул.„Даме Груев“;
– на исток по оската на ул. „Филип Втори Македонски“ и
– на север по оската на река Вардар.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 37,39 ха.
Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1) во сала за состаноци, барака 6, на ден 22.7.2020 година (среда) во 10.00 часот.
Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024 ќе биде изложен во просториите наУЗ „Мирче Ацев“, Центар, (ул.„Орце Николов“ бр.29) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 6.7.2020 до 31.7.2020 година.
Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.
Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.
Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.
Бр. 09-178/9
29.6.2020 год.
Скопје