Активности|

Општина Центар  во соработка со компанијата Горење постави нови дизајнирани модули за велосипедски паркинзи на 20 локации на територијата на Центар.

Како општествено одговорна компанија, Горење со оваа акција придонесе кон поттикнување на велосипедската култура во Центар, како и зајакнување на алтернативниот сообраќај на територијата на Општина Центар.

Изработката на велосипедските паркинзи се креирани со препознатлив дизајн, компатибилен за сите видови заклучувачи и велосипеди, универзален дизајн кој е лесен за самостојна употреба од страна на деца и возрасни. Оваа донација од нашиот партнер Горење е само позитивен пример за подигнување на јавната свест за потребата од велосипедизмот во нашиот гради понатамошен поттик за креирање подобра визија за велосипедската мрежа во Центар и нејзина инфраструктурна имплементација

Comments are closed.

Close Search Window