Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16, 163/16; 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024 дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Одлука за спроведување на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024
Границите на планскиот опфат се следните:
- од североисток по оската на ул.„Свети Кирил и Методиј“ (ул.„М. Х. Јасмин“);
- од југоисток по оската на бул.„Кочо Рацин“;
- од југозапад по оската на ул.„Јордан Мијалков“ (ул.„Железничка“);
- од северозапад по бул.„Свети Климент Охридски“ и продолжува по ул.„Мајка Тереза“ (ул.„Водњанска“).
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 14,40 ха.
Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1) во сала за состаноци, барака 6, на ден 30.7.2020 година (четврток) во 10.00 часот.
Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024 ќе биде изложен во просториите наЧитална „Славко Јаневски“ (ул.„Димитрије Чуповски“ бр.23/1-1) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 27.7.2020 до 14.8.2020 година.
Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.
Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.
Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.
Бр. 09-867/8
20.7.2020год.
Скопје