Активности|

Во согласност со основниот сообраќаен проект и добиеното решение за измена на постојаниот траен режим за сообраќај, Општина Центар започнува со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“ во населбата Водно.

Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста на дел од улиците, денеска се започнува со градежните активности за поставување сообраќајната сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“, на потегот од крстосницата со улицата „Тодор Александров“ до крстосницата со улиците „Питу Гули“ и „Ацо Караманов“.

По поставувањето вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Партениј Зографски“, Општина Центар ќе започне со обележување на хоризонталната сигнализација и освежување на боите на улиците во овој дел од Центар.

Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците и велосипедистите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни

Comments are closed.

Close Search Window