Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од Секторот за јавни дејности беа на увид во градежните активности кои се одвиваат во ООУ „11 Октомври“ и  ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“- објект Јасмин.

Целта на денешната посета е реконструкција на занималните во долниот дел на градинката и целосна санација на санитарните чворови во рамки на спортската училишна сала на ООУ „11 Октомври“

Градежните активности вклучуваат вадење на старата иверица, премачкување со изолација и оплеменета иверица во разни бои која е погодна за внатрешниот ентериер на детските занимални. Се прочистуваат грејните тела, се поставуваат пвц паркетни даски и облога на грејните тела, како дополнителна заштита од несакани повреди за време на престојот на дечињата. Се поставува и камена волна над прозорите во занималните и комплетно се бојадисуваат ѕидовите во долниот дел на градинката.

„Во тек е реконструкцијата на детските занимални во градинката „13 Ноември“ во објектот Јасмин, каде се врши промена на постоечките ламперии кои се стари веќе 40 години. Се менуваат старите и дотраени стари паноа, како и доопремување на детските занимални во центрите на интерес, со нов и современ мебел. Сите овие активности ги спроведуваме со помош и поддршка на Општина Центар и во оваа прилика би сакала да упатам благодарност до градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кои ни овозможи да се создадат нови и подобри хигиенски услови за започнување со работа за оваа година“ – изјави Ружица Биџовска, директорка на ЈУДГ „13 Ноември“ – објект Јасмин.

Општина Центар интензивно работи и на реконструкција на санитарните машки и женски чворови во просторот кај спортската сала на ООУ „11 Октомври“. Градежните активности вклучуваат целосно обивање на старите плочки, ѕидови и демонтажа на стари санитарии, со замена на комплетно нова водоводна и фекална инсталација. Ѕидовите се обложуваат со нови керамички плочки, подови и монтажа на нова санитарија и галантерија, како и промена на нови пвц врати. Покрај внатрешната реконструкција се врши и надворешен зафат, каде излезот од санитарните чворови се поврзува со надворешна канализациона мрежа во должина 50 метри и ќе се постават нови цевки.

„Летниот период е погоден за реализација на овој тип активности кои ние како Општина Центар ги спроведуваме во центарските образовни објекти, кои имаат за цел подобрување на просторните и хигиенските услови. Како локална самоуправа, продолжуваме и понатаму со нашите заложби во обезбедување современи, квалитетни и безбедни услови во градинките и основните училишта во Центар“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

Comments are closed.

Close Search Window