Активности|

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, го најавија започнувањето на реконструкцијата на улицата Есенинова. Оваа улица ќе ги поврзува општините Кисела Вода со Центар, Аеродром и Гази Баба.

Со четири коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, ова ќе биде капитален зафат, кој трајно ќе го олесни сообраќајот во овој дел на градот и ќе го олесни секојдневното функционирање на Скопје и скопјани.

Според плановите, реконструкцијата на улицата Есенинова, во должина од 800 метри, ќе заврши наредната 2021. година.

Comments are closed.

Close Search Window