Активности, Совет|

Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Центар – Феникс, Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар – Феникс за 2020 година, на 1-та седница, одржана на 23.7.2020 година, одлучи да распише

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА

НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – „ФЕНИКС“

ЗА 2020 ГОДИНА

1. Годишната награда на Општината Центар – „Феникс” се доделува на физички и правни лица од Општина Центар-Скопје и од Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

2. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.

3. Наградата  за  поединци  и група  творци се состои од диплома и паричен износ.

Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.

Наградата за ученици и студенти се состои од диплома и паричен износ.

4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија.

Сите предлагачи (поединечно или групно) треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

6. Конкурсот трае започнувајќи од ден 7.9.2020 година и трае заклучно до ден 21.9.2020 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс, ул. „Михаил Цоков” бр. 1 или во архивата на Општина Центар-Скопје, во барака 6.

КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА

 ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-ФЕНИКС

Comments are closed.

Close Search Window