Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2020 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 25/19), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
ОГЛАС
За распределба на финансиски средства од
Програмата за спорт и рекреација
на Општина Центар-Скопје за 2020 година
- Право на учество во Огласот имаат спортски клубови, спортски здруженија и други организации од областа на спортот, кои имаат регистрирана дејност спорт, за организирање и спроведување проекти од областа на спортот, како и за дејност од јавен интерес.
- За да учествуваат во Јавниот оглас барачите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:
- Да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации во Централен Регистар на РСМ,со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје;
- Доказ од соодветната/надлежна федерација за членство на клубот во истата, категоријата во која учествува и времетраењето на учеството;
- Да се приложи програма/проект на активности во тековната година;
- Документација со која се потврдуваат постигнатите резултати и успеси според агендата на натпревари на соодветната спортска федерација;
- Финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/проектот, број на ангажирани лица и опис на трошоци по позиции.
3.Начин на пријавување
Потребните документи се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје, во затворен плик, со назнака за „Оглас за распределба на финансиски средства од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2020 година“, на кој пишува „Не отворај“.
4.Рок за поднесување документи
Рокот за поднесување на документите почнува да тече од денот на објавување на веб-страницата на Општината, од 22.9.2020 година заклучно со 29.9.2020 година.
5.Документите на апликантите што не се комплетни и кои не се навреме доставени нема да се разгледуваат.
6.Финансиските средства предвидени со програмата за спорт и рекреација за овој оглас изнесуваат 1 000 000,денари