Активности|

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 296 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 21.09. до 27.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 157 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Comments are closed.

Close Search Window