Дневен ред за работа на Советот на Општина Центар – Скопје за 53. седница, закажана за 15.10.2020 (четврток), со почеток во 13:00 часот, во сала за седници на Советот (барака бр.6)
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-одлука за усвојување на Програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје, за 2020/2021 година.
2. Предлог-одлука за усвојување на Програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје, за 2020/2021/ година.
3. Предлог-одлука за усвојување на Програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, за 2020/2021 година.
4. Предлог-решение за именување на член на Управниот одбор на Јавната установа за
деца – детска градинка „Кочо Рацин“ на Општина Центар-Скопје, предложена од Советот на родители.
5. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/132 од 21.9.2020 година за усвојување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
6. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/134 од 21.9.2020 година за усвојување на Правилникот за начинот и постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
7. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/136 од 21.9.2020 година за усвојување на Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои управува Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
8. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/138 од 21.9.2020 година за пренамена на финансиски средства од финансискиот план на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за 2020 година.
9. Предлог-стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на
Општина Центар-Скопје.
10. Предлог-одлука за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс за 2020 година.