Активности|

Општина Центар годинава го прославува 44 роденден. По тој повод, во изменети услови, кога целиот свет се справува со опасниот КОВИД 19, активностите годинава се насочени  кон потврдување на дејствувањето на општината како хумана, одговорна, отчетна и општина по терк на граѓаните.

Од 2.11.2020 до 6.11.2020 ќе се организираат Денови на Општина Центар.

Понеделник, 2.11.2020 ќе биде оджана прес конференција за почеток на  реконструкцијата на бараката на поранешното „Матично“, кое ќе прерасне во Младински центар.

За да им помогне на  основните училишта поуспешно да ја реализираат on line наставата, општината обезбеди 60 лаптоп компутери со што придонесуваме за поквалитетно образование во време на пандемија.

Во среда, на 4.11.2020, наградата „Феникс“  ќе биде доделена на физички и правни лица од општината Центар како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација.

Општина Центар ги наградува талентираните ученици и додели 100 стипендии за најуспешните од областа на науката, културата и спортот како и за ученици од семејства од социјален ризик. Грижејќи се за правилен физички развој на децата  и за негување на спортот, општината издвои 1 милион денари финансиски средства за поддршка на програмските активности на 20 спортски клубови и здруженија во Центар.

Од почетокот на корона кризата, Општина Центар се грижи и им помага на сите свои жители, а особено на оние со висок социјален ризика.  За 150 семејства, приматели на социјална помош, на мали групни домови и згрижувачки семејства, општината обезбеди  пакети со храна и средства за лична хигиена.

Општина Центар, како и досега, така и отсега продолжува со грижата за жителите и исполнувањето на општинските обврски на локално ниво.

Comments are closed.

Close Search Window