Дневен ред за 54. седница на Совет на Општина Центар закажана за 5.11.2020 (четврток), со почеток од 13:00 часот, во сала на Совет (барака бр.6)
1. Предлог-одлука по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Oпштина Центар-Скопјe за извештајниот период (кумулативно) од 1.1.2020 година до 30.9.2020 година.
2. Предлог-план на Програми за развој за период 2021-2023 година на Општина Центар-Скопје.
3. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополнување на Годишниот план за вработување на Општина Центар-Скопје во 2020 година.
4. Предлог-одлука за давање согласност за почнување и за завршување на работното време на Јавната установа за деца – детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје.
5. Предлог-одлука за давање согласност за почнување и за завршување на работното време на Јавната установа за деца – детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје.
6. Предлог-одлука за давање согласност за почнување и за завршување на работното време на Јавната установа за деца – детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје.
7. Предлог-одлука за давање согласност на Статутот на Приватната установа за деца – детска градинка „Никулец креатива“ од подрачјето на Општина Центар-Скопје.