Активности, Совет|

На 54-тата седница на Советот на Општина Центар, што се одржа во четвртокот (5.11.), покрај другите точки се најде и Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општината кумулативно за периодот од 1.1. до 30.9.

Поради пандемијата на коронавирусот, значително намалени се остварените вкупни приходи и други приливи во вкупниот консолидиран буџет на општината во однос на истиот период минатата година и истите изнесуваат 634.436.406,00 денари, односно 50,65% во однос на планот за 2020-та година.


Реализираните приходи на основниот буџет во општината за овој период изнесуваат 337.943.916,00 денари, што е 51,5 % реализација од планираните за 2020-та година, а значително намалување има на приходите на основниот буџет и приходи од буџетот на самофинансирачки активности.

Меѓу позначајните ставки на реализацијата на приходите во буџетот се оние за данок на имот во износ од 30.447.602,00 денари, надоместок за уредување на градежно земјиште во износ од 93.696.204,00 денари, приходи од комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување – 21.480.577,00 денари, приходи за истакнување на фирма и користење на улици со патнички, товарни и моторни возила во износ од 16.323.042,00 денари, приходите по основ на договорни казни во согласност со Законот за градежно земјиште изнесуваат 46.255.282,00 и други приходи за извештајниот период со помал износ.

За истиот извештаен период, од 1.1. до 30.9.2020-та година расходите на општината се со вкупен износ од 325.194.551,00 денари, од кои 230.607.223,00 денари се тековно-оперативни расходи.

Потрошени се 25.450.662,00 денари за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, од кои 16.008.519,00 денари се трошоци за улично осветлување во општината, а 1.651.428,00 денари се за греење и струја во ООУ „Киро Глигоров“.

Ставката за надоместоци на службите одговорни за одржување на јавната чистота во општината, вклучително и надоместоците за изработката на ДУП-овите, најмување канцелариски простор, уривање објекти, правни услуги, трошоци за осигурување и слично, изнесува 18.976.265,00 денари.

Вкупно 22.983.525,00 денари се потрошени на ставката за поправки и тековно одржување, односно за зимското одржување на улиците, одржување на јавно улично осветлување, јавните зелени површини, дезинфекциите на јавните површини, обезбедување на основните училишта и други тековни трошоци.

Исплатени се 15.210.345,00 денари за рата на кредитот за изградба на катна гаража „Судска палата“, а за рата на кредитот земен за изградбата на ООУ „Киро Глигоров“ исплатени се 37.916.066,00 денари. За функционирање на КК Работнички потрошени се 15.000.000,00 денари.

Други поважни општински расходи се: проектот субвенции за замена и поправка на покриви и лифтови – 1.671.221,00 денари, „Цел Центар на Точак“ – 595.821,00 денари, стипендии на ученици и спортисти од Општина Центар – 686.085,00 денари, проектот „Центар се грижи за возрасните“ – 3.229.334,00 денари. За областа култура, општината има потрошено 8.133.340,00 денари, од кои 1.000.000,00 денари учество во изработката на спомен-обележјето на Горан Стефановски, 7.133.340,00 денари за финансирање проекти од сценската уметности и 233.340,00 за стипендии на ученици во областа на културното творештво.

Од капиталните расходи во вкупен износ од 94.578.328,00 денари, од кои најглем дел се за плаќање на остатокот од завршната ситуација за изградба на ООУ „Киро Глигоров“, во износ од 25.406.890,00 денари. За реконструкција на ЈУДГ „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка исплатени се 11.202.856,00 денари, за подготвување проекти, реконструкција и изградба на улици, тротоари, инфраструктура и надзор на изградба потрошени се 20.584.170,00 денари, а за уредување на излозите во Старата скопска чаршија исплатени се 2.864.151,00 денари. По основ на судски трошоци и трошоци за експропријација на земјиште исплатени се вкупно 24.997.520,00 денари. Општинските основни училишта и градинки заклучно со 30.9.2020 година ги имаат исплатено сите обврски и немаат достасани неподмирени обврски.

Comments are closed.

Close Search Window