Дневен ред за 56-та седница на Совет на Општина Центар, закажана за 26.11.2020 (четврток), со почеток во 13:00 часот, во сала за состаноци на Совет (барака бр.6).
Дневен ред
1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/142 од 11.11.2020 година за усвојување на Кварталниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, за период јули-септември 2020 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
2. Предлог-решение за именување на член во Управниот одбор на Јавната установа за деца – детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје, предложен од Советот на родители.
3. Предлог-одлука за прифаќање донација на опрема за детско игралиште во Јавната установа за деца – детска градинка на Општина Центар „Кочо рацин“-Скопје, за објект „Наум Наумовски Борче“, лоциран на улица „Борка Талевски“ бр. 50.
4. Предлог-буџетски календар за измена на Буџетскиот календар на Општина Центар-Скопје за 2020 година.
5. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 6.207 и ГП 6.207а во ДУП Градска четврт Ј 06 – дел од локалитет Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, Општина Центар-Скопје.
6. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 24.02 во ДУП Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје.
7. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 20.60 во ДУП Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје.
8. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 9.2.1 во изменување и дополнување на ДУП Градска четврт – локалитет Голем ринг – Јужен дел – Исток, Општина Центар-Скопје.