Активности|

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16, 163/16; 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022 дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Одлука за спроведување на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022

Границата на планскиот опфат е дефинирана:

– на североисток до осовина на транзитна магистрала бул.„Никола Карев“ B.08-B.09,

– на југоисток до осовина на собирна ул.„Беласица“ C.15-B.09,

– на југозапад до осовина на градска магистрала бул.„Гоце Делчев“ B.15-C.15

– на северозапад до осовина на транзитна магистрала бул.„Крушевска Република“ B.08-B.15

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 6,65 ха.

Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2, Општина Центар – Скопје, плански период 2017-2022, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1) во сала за состаноци, барака 6, на ден 23.12.2020 година (среда) во 10.00 часот.

Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2, Општина Центар – Скопје, плански период 2017 – 2022 ќе биде изложен во просториите наурбаната заедница „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39, Скопје) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 14.12.2020 до 30.12.2020 година.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Comments are closed.

Close Search Window