Дневен ред за 57-ма седница на Совет на Општина Центар, закажана за 17.12.2020 година (четврток), со почеток од 13:00 часот, во сала на Совет (барака бр.6).
Дневен ред:
1. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Центар-Скопје за 2021 година.
2. Разгледување на иницијатива за изменa и дополнување на Статутот на Општина Центар-Скопје.
3. Предлог-одлука за воспоставување соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и Копривничко-крижевачка жупанија, Република Хрватска.
4. Предлог-решение за именување член во Управниот одбор на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, предложен од Стручниот совет на градинката.
5. Предлог-решение за измена на Решението за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
6. Предлог-одлука за давање позитивно мислење на Статутот на Општинско основно училиште „Димитар Миладинов“.
7. Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за Градска четврт И 09 – нова железничка станица, Општина Центар-Скопје и Општина Аеродром.
8. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 24.02 во ДУП Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје.
9. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 20.60 во ДУП Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје.
10. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на техничка грешка на ГП 9.2.1 во изменување и дополнување на ДУП Градска четврт – локалитет Голем ринг – Јужен дел – Исток, Општина Центар-Скопје.