Активности|

Видео обраќање: Во новата година ви посакувам одлично здравје!

2020 година започна многу оптимистички, со многу идеи и планови за реализација. Продолжи со соочување со суровоста наречена КОВИД 19, со прифаќање на работите такви какви што се и со доза на неизвесност за тоа како ќе се одвиваат работите. Вака започна говорот на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Во своето обраќање, Богдановиќ ги спомена најзначајните проекти кои општината ги реализираше во изминатата година. Најави и нови проекти во годината која ни следи.

Посетата на Дедо Мраз во Општина Центар донесе радост и ведрина кај децата и возрасните.  Градоначалникот посака живи, здрави и среќни да сме сите во новата 2021!

Comments are closed.

Close Search Window