Активности|

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на РМ“ бр. 52/10),

Општина Центар-Скопје објавува

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2021 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2021 година, од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, потставка 463110 – Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2021 година и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

  1. Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:

– помош и заштита на лицата со физички или со ментален хендикеп и попреченост во развојот и        лица со посебни потреби

– заштита и поддршка на децата и на младите

– развој на социјални услуги за потребите на граѓаните во социјален ризик

– развој на услуги и поддршка на процесот на образование

– меѓуопштинска и/или меѓународна соработка

– заштита на животната средина и одржлив развој

– културни манифестации и настани во интерес на граѓаните и општината

– развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права

– помош и поддршка на жртви на семејно насилство

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје во приоритетните области определени со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година.

2. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2021 година.

 3. Доставување Извештај

Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата и Правилникот запостапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2021 година по завршувањето на своите програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за поддршка на Градоначалник на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

4. Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

       – да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;                                                                                                                           

       – да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или фондацијата;

       – да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

– да поднесат Извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината ако за 2019 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите;

– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2021 година.

5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

  1. Образец и Пријава за финансиска поддршка;
  2. Предлог-проект;
  3. Статут и Решение за регистрација на здружението или фондацијата;
  4. Активна трансакциска сметка на здружението или фондацијата што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
  5. Тековна состојба од Централен регистер на Република Северна Македонија.

Напомена: Образецот и Пријавата за финансиска поддршка ќе бидат достапни на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рок за поднесување на пријавите е 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр. 1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9:00 до 15:00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2021 година за финансирање на здруженија и фондации во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.

Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).   

Comments are closed.

Close Search Window