Активности|

Во населбата Кале во Општина Центар по дводневниот прекин, повторно има напојување на електрична енергија во домовите.

Службите на Општина Центар, во соработка со ЕВН, го отстранија дефектот и во домовите на Кале повторно има електрична енергија.

Со сервисирањето на дефектот обезбедена е електрична енергија со засилен напон, а како главна причина за дефектите се јавуваат многубројните нелегални приклучоци во овој дел од Центар.

Општина Центар и ЕВН апелираат до граѓаните броилата од своите дворови и домови и истите да ги постават на јасно видливи места, од каде директно до граѓаните ќе биде регулирано напојувањето со електрична енергија.

Comments are closed.

Close Search Window