Uncategorized|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на сите граѓани – припадници на српската заедница им го честита Националниот ден на Србите во Р.С. Македонија, посветен на светецот Свети Сава.

Свети Сава, историски важна личност во српската историја, роден како Растко Немањиќ, бил син на гoлeмиoт српски жупан Стефан Немања. Свети Сава е рoдeн околу 1174 гoдина. Какo млад, заминал вo Света Гора, каде што сe замoнашил и сo рeтка рeвнoст гo пoминал цeлиoт пoдвижнички устав. Св. Сава пoчинал вo Трнoвo за врeмe на владеењето на царoт Асeн, на 12 јануари 1236 гoдина. Нeгoвoтo тeлo кралoт Владислав гo прeнeл вo Милeшeвo. Подоцна, Коџа Синан-паша гo зел телото на Св. Сава и запалил на Врачар, вo Бeлград, на 27 април 1595-та гoдина. Основач е на манастирот Хиландар.

Овој празник е важен пример за соживот, почитување и разбирање на македонскиот и српскиот народ, како соседни народи и како заеднички да чекориме кон напредокот на нашите општества во иднина.

Свети Сава и покрај сѐ што бил, бил и голем дипломат. Нему му се припишуваат заслугите за уцврстување на православната духовност.

Во Општина Центар се завршени сите постапки за изградба на Српски културен центар, кој согласно очекувањата, планиран е да започне со изградба годинава, во исто време кога во Србија ќе отпочне изведбата на тамошниот Македонски културен центар во Белград.

Comments are closed.

Close Search Window