Општина Центар, општинската зимска служба и работниците задолжени за одржување на хигиената веќе втор ден го расчистуваат снегот на улиците кои се под oпштинска надлежност. Општинските служби за одржување на хигиената ги расчистуваат велосипедските и пешачките патеки, тротоарите и останатите јавни површини.
После обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, активирани се сите општински ресурси и на терен се расчистува снежната покривка, која на одредени места надминува и 25 сантиметри.
Општинските служби изминатите два дена со 7 специјални зимски возила го расчистуваат наврнатиот снег, пробиваат продори и расфрлаат сол на сите улици кои се под ингеренција на општината. Заклучно со денес, поминати се речиси сите сервисни улици, а фрлени се вкупно 137 тони сол.
Во координација со градските служби, со регулирањето на снегот на улиците продолжуваме и ова попладне, но и во вечерните часови, со цел на граѓаните да им овозможиме непречено и безбедно движење низ општината.
Снежни наноси и блокирани улици граѓаните можат да ги пријават во Општина Центар на телефонските броеви 072 253 301 и 076 313 381.