Здравјето и сигурноста на децата кои посетуваат настава во општинските основни училишта и престојуваат во детските градинки е врвен приоритет во Општина Центар.
За таа цел, наставничките, воспитувачките и вработените во основните училишта и детските градинки се дел од процесот на вакцинација кој во моментов се одвива во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Вакцинирањето против вирусот КОВИД 19 е дел од активностите кои Владата на РСМ ги спроведува за справување со моменталната глобална пандемија на коронавирус, која не ја одмина ни нашата држава.
Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките препорачани од надлежните институции, да носат заштитни маски и да бидат одговорни, затоа што само така сите заедно ќе излеземе како победници од оваа пандемија на корноавирус.