Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша барањето за спроведување на постапка за јавна набавка за реконструкција на фасада на станбен објект на улицата Аминта Трети бр.3, согласно објавениот Јавен повик од 2018 година, за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар, за реконструкција на фасади на колективни станбени згради.

Проектот е финансиски поддржан од Буџетот на Општина Центар преку Програмата ЈЛО, во висина од 70% од вкупниот износ на вредноста за реконструкција на енергетски-ефикасна фасада на станбена зграда за колективно домување од страна на заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда.

Откако е објавен Јавниот повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар, за реконструкција на фасади на колективни станбени згради, одобрени се вкупно 26 станбени објекти врз основа на претходно исполнети услови и критериуми. Минатата недела, градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша и барањето за спроведување на постапка за јавна набавка за реконструкција на фасада на станбен објект на улицата Мирослав Крлежа“ бр. 36.

Реконструкцијата на фасадата опфаќа обнова на нова термичка фасада, а сопствениците на посебни делови преку кредитирање ги обезбедуваат преостанатите финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетско-ефикасната фасада. Во однос на старата и дотраена фасадна столарија, станарите имаат обврска да ја заменат пред започнување на реконструкцијата и градежните активности.

Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите, а станарите ќе добијат нова енергетско-ефикасна фасада, која ќе им овозможи поквалитетен живот и финансиска заштета на семејниот буџет на граѓаните. За овој проект општината има одвоено 10 милиони денари од Буџетот на Општина Центар.

Comments are closed.

Close Search Window