Активности|

Децата од трите општински детски градинки, „Р.Ј. Корчагин“, „Кочо Рацин“ и „13-ти Ноември“, заедно со нивните родители изминатите денови, собираа прехранбени и хигиенски производи, како дел од хуманитарна акција за помош во пресрет на празниците Велигден и Рамазан.

Собраните производи се спакуваа и денес, директорките на трите градинки, заедно со колегите од Општина Центар, им поделија над 130 пакети на семејства со висок социјален ризик од трите центарски населби, Маџир Маало, Кале и Крњево.

Во време на пандемија на КОВИД 19, кога целиот свет се соочува со потешкотии од секаков вид, помошта на нашите сограѓани од социјално ранливите категории е повеќе од добредојдена.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја изрази својата голема благодарност до сите деца, родители и вработени во детските градинки, за нивниот несебичен ангажман околу собирањето, пакувањето и делењето на пакетите.

Хуманоста на децата е чиста и искрена и како таква, таа не признава раса, етничка припадност и религија. Општина Центар и во иднина продолжува со активностите за поддршка на социјално ранливите категории на граѓани и останува прв партнер на сите хумани граѓани, компании и институции.  

Comments are closed.

Close Search Window