Активности|

Денес, на Велики петок, во очи на големиот христијански празник Велгиден, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, со дел од колегите од општината и волонтери од невладината „Банка за Храна“, поделија топли оброци и пакети со храна и хигиенски прозиводи на семејства од социјално ранливи категории во населбите Маџир Маало и Крњево.

„Благодарен за несебичната хуманост и поддршка на сите општествено одговорни компании и поединци, кои се вклучија во оваа акција на денешниот голем христијански празник и заедно им овозможивме на нашите сограѓани да ги прослават празниците со топол оброк во нивните домови. На граѓаните им посакувам среќен празник и добро да ги служи здравјето во деновите и месеците кои доаѓаат“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во хуманитарната акција се вклучија и општинските детски градинки во кои децата, родителите и вработените, обезбедија прехранбени продукти и хигиенски прозиводи за семејствата што живеат во социјален ризик во населбите Кале, Маџир Маало и Крњево, по повод празниците Велигден и Рамазан. Изминатиот период Општина Центар обезбеди помош и поддршка за децата од Специјалниот завод  „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на општината и донации за приматели на социјална помош, згрижувачки семејства и пензионери со ниски примања.

Оваа хуманитарна донација е обезбедена од страна на општината, во соработка со општествено одговорни компании, поединци и голем број економски оператори. Општина Центар како одговорна локална самоуправа и општина која што се грижи за добросостојбата на сите свои граѓани, особено во време на активна пандемија на КОВИД 19 и во наредниот период ќе продолжи со редовните хуманитарни активности.

Comments are closed.

Close Search Window