Дневен ред за 64-та седница на Совет на Општина Центар, закажана за 6.5.2021 (четврток), со почеток во 13:00 часот во сала на Совет (барака бр.6)
Дневен ред
1. Предлог-одлука за давање согласност за згрижување на деца (воспитни групи) во други просторни услови за потребите на Јавнaта установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје.
2. Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа за деца детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје.
3. Разгледување на Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 1.1.2021 до 31.3.2021 година.
4. Разгледување на Одговор од Агенција за планирање на просторот на Република Северна Македонија.
5. Разгледување на Барање од министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.