Активности|

Започна реконструкцијата на улиците „Драмска“ и крак на „Тасино Чешмиче“, на Водно во Општина Центар. На вкупна површина од 1129 метри квадратни („Драмска“ – 624 м2 и крак од „Тасино Чешмиче“ – 505 м2), се отстранува стариот и оштетен асфалт и се поставува нов, висококвалитетен, кој значително ќе го подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел од Центар.

И овие два реконструктивни зафати на улицата „Драмска“ и кракот на „Тасино Чешмиче“ се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која ќе опфати 14 сервисни општински улици, како и обновувањето на улицата „Орце Николов“.

Привршува асфалтирањето на улиците 164, 166 и Хусеин Бајрам во населбата Крњево, во тек е реконструкцијата на крак од улицата „11 Октомври“, кај Билна аптека, а до крајот на летото Општина Центар планира да реконструира уште други 8 улици.

Со реконструкцијата на уличната мрежа, граѓаните наместо стари, дотраени и оштетени коловози, ќе добијат нови, безбедни и квалитетни улици, со што дополнително ќе се регулира сообраќајот, но и ќе се подобри квалитетот на живеење во Општина Центар.

Comments are closed.

Close Search Window