Uncategorized|

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 195 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 07.06. до 13.06.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Comments are closed.

Close Search Window