Општина Центар успеа да наплати банкарска гаранција за изградба на катна гаража, на самиот булевар „Св. Климент Охридски“, која требаше да никне пред седиштето на компанијата ГАМА.
На крајот на декември, 2012, непосредно пред Новата година, склучен е договор за отуѓување на државно градежно земјиште помеѓу приватен инвеститор од една и Министерството за транспорт и врски од друга страна.
Со објава бр. 88 во Службен весник бр 133 од 26.10.2021 се објавени условите за јавното наддавање на продажбата на градежното земјиште за изградба на комунална инфраструктура – подземна катна гаража на две нивоа. На јавното наддавање, купувачот на земјиштето понудил највисока цена, во износ од 251 денар за метар квадратен, која пресметана за вкупната површина на локацијата во строгото централно подрачје од 835 метри квадратни, изнесува само 209.585 денари.
„Ова е првата фаза за раскинување на купо-продажниот договор и враќање на земјиштето во сопственост во државата, а потоа Општина Центар да го врати паркчето на граѓаните. Ме радува фактот што сочувавме уште еден парк во Општина Центар, кој што години наназад бил продаден со цел овде да се изгради деловен објект“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
По претходно поведена постапка за утврдување на причинте за отворање на стечајна постапка, со решение издадено од Основниот суд во Штип, судот го усвои предлогот на предлагачот, Комерцијална Банка АД Скопје и се отвора стечајна постапка над имотот на за правното лице-должник.
Општина Центар како доверител, во законски предвидениот рок поднесе пријава, со што го пријави своето побарување према должникот и побара излачување од стечајната маса за градежното земјиште, за изградба на катна гаража.
На 10.5.2021-ва година е наплатена банкарската гаранција во висина од 100.000 евра за тн. навремено и квалитетно извршување на работите.