Активности|

Секторот за инспекциски работи, по големиот број на пријави на граѓаните на општината, започнува акција за мерење на бучавата во угостителските објекти, кафе-баровите и останатите локали.

Во наредниот период, овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење на бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои од граѓаните до општината има пристигнато најмногу пријави.

Апелираме до кафе-баровите, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање на гласна музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност.

Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина.

Comments are closed.

Close Search Window