Uncategorized|

Општина Центар ја заврши постапката за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на општината.

Со ова тело, составено од претставници на невладиниот сектор и на граѓаните, кои се жители на Центар, ќе се овозможи зголемен увид на јавноста во процесот на урбанистичкото планирање.

Истовремено, ќе им се даде шанса на граѓаните и граѓанските организации, директно, преку свои претставници во партиципативното тело, да даваат совети, идеи и предлози во врска со подобрувањето на условите за живот, престој и транзит во општината.

Партиципативното тело за урбанистичкото планирање во Општина Центар брои пет членови, истакнати експерти во своите области и граѓански активисти.

Во новото партиципативно тело ќе членуваат: Ана Чоловиќ Лешоска (извршна директорка на Еко-свест), Даница Павловска (архитектка, просторна планерка), Кристина Хаџи-Василева (магистерка по родови студии), Милчо Манчевски (режисер) и Жанета Трајкоска (новинарка и директорка на Институт за комуникациски студии).

Целта на партиципативното тело е преку учество на јавноста, во соработка со општинскиот Сектор за урбанизам и урбанистичко планирање, да се даде поголем простор за предлози на граѓаните при идното планирање и развитокот на Општина Центар.

Со помош на членовите на телото дополнително ќе се зголемат предусловите за создавање на една современа, граѓанска, еколошки свесна општина, која како централна општина во градот Скопје, ќе биде пример и за останатите општини во земјата.

Comments are closed.

Close Search Window