Активности|

Општина Центар ја отплати последната рата од кредитот подигнат за изградба на катната гаража „Судска Палата“, спроти комплексот факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, до зградата на МРТВ.

Кредитот за изградба на катната гаража бил подигнат во 2011-тата година, од страна на тогашното општинско раководство и изнесувал вкупно 2.535.000 евра, односно околу 156.200.000 денари.

Со кредитот се финасирала изградбата на катната гаража „Судска Палата“, која заврши кон крајот на 2012-та година и во моментов, во склоп на гаражата се наоѓаат и административните простории на општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Подигнатиот кредит имаше рок на отплата од 10 години, со грејс период од 2 години, а Општина Центар редовно ги сервисираше сите рати, во квартални или тримесечни исплати, во согласност со договорот.

Отплаќањето на последната рата од кредитот за изградбата на катната гаража „Судска Палата“ е уште една потврда за економското и ефикасно работење на општинското раководство, за што говори полната сметка и одличната финансиска кондиција на Општина Центар.

Од преземањето на функцијата градоначалник од страна на Саша Богдановиќ и новото општинско раководство, раздолжени се над 2.000.000 евра заостанати општински долгови и општинската каса е полна.

Од 2019-та година до моментов, во Буџетот на Општина Центар се слеале над 4.000.000 евра, средства кои општината ги наплатила по разни основи, судски пресуди, договорни казни и активирање на банкарски гаранции.

Comments are closed.

Close Search Window