Активности|

Редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.

Во текот на изминатите два викенди, по спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј 13-ти Ноември и мерењета на бучава од локалите, решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите.

Усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добија локалите Папилон, Локал 45 и Харт бар.      

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објект во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишани мерки и ќе бидат изречени поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Comments are closed.

Close Search Window