Активности|

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

ЈАВЕН КОНКУРС

ЗА  АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И

РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

  1. Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:
  2. Реонски попишувачи  и
  3. Реонски инструктори.
  4. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и  според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како што следи во табеларните прегледи:

Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

Бр на попи-сен реон  Седиште и општини кои влегуваат во пописниот реонБрој на реонски попишувачи  според јазикот на кој се врши попишувањето и вкупен број на реонски инструкториВкупно реонски инструк-тори
вкупно попишу-вачимакедон-скиалбан-скитурскиромскивлашкисрпскибосански
1Берово (за општина Берово и Пехчево)70610540008
2Делчево (за општина Делчево и М. Каменица)72690210007
3Богданци (за општина Богданци)23210000202
4Виница (за општина Виница)49450310005
5Крива Паланка (за општина К. Паланка и Ранковце)62560320106
6Кратово (за општина Кратово)29270110003
7Пробиштип (за општина Пробиштип)51500000105
8Свети Николе (за општина С. Николе и Лозово)53480302005
9Радовиш ( за општина Радовиш и Конче)665501010007
10Неготино (за општина Неготино и Д. Капија)52470300206
11Гевгелија (за општина Гевгелија и Дојран)88830201209
12Валандово (за општина Валандово)30250300203
13Кочани ( за општина Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево)1049403430011
14Струмица ( за општина Струмица и Василево)16715707300018
15Ново Село (за општина Босилово и Ново Село68650210007
16Штип (за општина Штип и Карбинци)12911206551013
17Кавадарци (за општина Кавадарци и Росоман)86820210109
18Велес (за општина Велес, Градско и Чашка)166131186311616
19Прилеп ( за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани)2732381512600227
20Битола (за општина Битола, Могила и Новаци)280254127331028
21Ресен (за општина Ресен)53416510005
22Охрид (за општина Охрид и Дебарца)214186118711021
23Струга (за општина Струга и Вевчани)14250808130014
24Дебар (за општина Дебар и Центар Жупа)6213311620006
25Демир Хисар (за општина Демир Хисар)33330000003
26Крушево (за општина Крушево)21134103002
27Македонски Брод (за општина М. Брод и Пласница)453301200004
28Кичево (за општина Кичево)12846764101013
29Гостивар (за општина Гостивар)1873712718500019
30Маврово Ростуша (за општина Маврово Ростуша)341671100003
31Врапчиште (за општина Врапчиште)65354800007
32Тетово (за општина Тетово и  Боговиње)242491826500024
33Теарце (за општина Теарце и Јегуновце)772651000008
34Желино (за општина Брвеница и Желино)841668000008
35Аеродром (за општина Аеродром)20919131219221
36Бутел (за општина Бутел и Чучер – Сандево)100592531010210
37Кисела Вода (за општина Кисела Вода и Сопиште)188168101224119
38Чаир (за општина Чаир)11336657200311
39Ѓорче Петров (за општина Ѓ. Петров)1018842303110
40Сарај (за општина Сарај)70463000037
41Карпош (за општина Карпош)17415862215017
42Центар (за општина Центар)16514552427017
43Студеничани (за општина Студеничани и Зелениково)501029700045
44Шуто Оризари (за општина Шуто Оризари)43970270004
45Гази Баба (за општина Гази Баба)145110272302115
46Арачиново (за општина Арачиново)17017000002
47Петровец (за општина Петровец)27166000053
48Илинден (за општина Илинден)41380010204
49Куманово (за општина  Куманово и С. Нагоричане)2581646129022026
50Липково (за општина Липково)49049000005

III. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.

III.1 Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.

IV. Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да ги исполнуваат следните услови:

а) Општи услови

  • да се државјани на Република Северна Македонија,
  • да се полнолетни,
  • да имаат завршено најмалку средно образование и
  • да немаат засновано работен однос.

б) Дополнителни услови

  • познавање на работа со персонален компјутер и
  • познавање на соодветниот јазик  на заедницата според табеларниот преглед од точка II на овој конкурс.

V. Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање  (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на  работа со персонален компјутер)

VI. Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.

VII. Времето (часот) на почетокот на тестирањето и местото (просториите) каде што ќе  се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика   www.stat.gov.mk и  popis2021.stat.gov.mk.

VIII. Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика

https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx  во периодот од 20.07.05.08.2021 година.

IX. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна  до 09.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

X. Потребните документи кои кандидатите треба да ги достават се:

а) Доказ за државјанство – фотокопија од:

  • лична карта или
  • уверение за државјанство или;
  • важечка патна исправа

б)  Доказ дека има завршено најмалку средно образование –  фотокопија од:

  • свидетелство или
  • уверение или
  • диплома за завршено  образование

в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос

     г) Писмена изјава дека има  познавање од работа со персонален компјутер

XI. Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело.

XII. Кандидатите со некомплетни документи нема да бидат земени предвид при разгледувањето.

XIII. Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани ќе го изврши Директорот на Државниот завод за статистика, по предлог од надлежната работна група формирана за секој пописен реон.

XIV. Изборот од пријавените кандидати  ќе се изврши во рок од 3 дена по  тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и  popis2021.stat.gov.mk.

                                                                                                             Државен завод за статистика

Comments are closed.

Close Search Window