Активности|

Комуналните редари од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатиот период се на терен и вршат засилени контроли во подрачјето на Дебар Маало.

Преполни контејнери, расфрлан отпад до контејнерите и несовесно одложени отпадоци, особено во време на викендите е непријатната глетка која секојдневно ги затекнува жителите на општината.

Досега од страна на комуналните редари, согласно Законот за јавна чистота, изречени се неколку опомени на правни и физички лица кои биле затекнати како го одложуваат својот отпад на необележани места.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, апелираат до несовесните граѓани и правни лица својот отпад да го одложуваат на места специјално предвидени за таа намена (контејнери, канти за отпадоци, специјални контејнери за пластика, стакло итн.), затоа што во спротивно редарите ќе изрекуваат поригорозни санкции, во согласност со Законот за јавна чистота.

Comments are closed.

Close Search Window