Активности|

Општина Центар го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот за идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот Треска и го зголеми наградниот фонд за најдобрите трудови.

Согласно големината на конкурсната задача, рокот е продолжен до 1.10.2021 година, а наградниот фонд е зголемен за дополнителни 597.000,00 денари од општинскиот буџет.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ ја повикуваат стручната јавност, правните и физички лица да конкурираат со проекти кои ќе овозможат нова станбена заедница и јавен простор со квалитетни урбанистички стандарди.

Потребна документација и повеќе информации на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?p=12266

Comments are closed.

Close Search Window