Очигледно за проектот „Скопје 2014“ кој освен урбанистички, беше културолошки и идеолошки проект на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, некој свесно или несвесно, ја довел кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Општина Центар, госпоѓата Котлар, во голема заблуда.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, одговорно тврди дека ниеден од претставниците на оваа власт не учествувал во донесувањето на одлуките поврзани со еден од најкриминалните проекти не само во државата, туку и во Европа.
Како пример за госпоѓата Котлар, која очигледно не е до крај запознаена со проектот, Законот за урбанистичко планирање, кој е донесен во 2005-та година, од 2006-та до 2014-та година (период кога ВМРО-ДПМНЕ ја има централната власт) е менуван 10 пати. Подоцна, донесен е нов Закон за просторно и урбанистичко планирање, кој во периодот од 2014-та до 2016-та е изменет 6 пати, сѐ со цел да му удоволи на озлогласениот проект.
Потоа, ДУП-от Мал Ринг во период од 2006-та до 2012-та година (каде е сконцентриран најголемиот дел од „Скопје 2014) е менуван 9 пати, од кои само во 2012-та година е изменет 3 пати.
Оттука, беспредметни и пред сѐ, лажни се тврдењата на професорката Котлар за тоа кој и како го носел проектот „Скопје 2014“.
Граѓаните, особено жителите на Центар, паметат и се сеќаваат на криминалите на минатата власт. Токму затоа, на претстојните локални избори, и госпоѓата Котлар и партијата која ја поддржува, ВМРО-ДПМНЕ, треба да се подготват за уште еден голем пораз на коруптивните и криминални политики кои тие ги застапуваат.