Образование|

Општинското основно училиште „11 Октомври“, Центар е училиште кое континуирано обезбедува стручен и професионален развој на своите наставници. Со поддршка од ЕУ, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, училиштето доби грант за реализација на проектот „Photo & Video Making in our Classroom: Creating and Adapting Original Visual Resource“ (акција KA101 – School education staff mobility).

Во рамките на овој проект се реализираше мобилност при што тим од наставници од Македонија заедно со наставници од Полска и Шпанија следеа 6-дневна обука во партнерската организација EUROPASS SRL – Фиренца, Италија. За време на престојот учесниците имаа можност да се запознаат со други култури и образовни системи.

Учесниците на програмата за мобилност се стекнаа со вештини и знаења кои имаат голема примена во современата настава , со што стекнатите знаења и вештини од областа на мултимедијата, веќе следната учебна година ќе ги применат при планирањето на слободните изборни предмети, согласно новата концепција во основното образование.

Comments are closed.

Close Search Window